АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден. 6 октомври 1943
Убиен е Трајан БЕЛЕВ-Гоце, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Роден е во село Ѓавато, Битолско на 4 јануари 1902 година. Беше печалбар во Франција. Од 1938 година е член на Комунистичката партија на Југославија за Македонија.
По окупацијата на Македонија од фашистичките сили активно се вклучи во антиокупаторската борба. Во 1942 година стана член на Окружниот воен штаб, а нешто подоцна стана и борец во Народноослободителниот партизански одред „Даме Груев“. Беше и политички комесар на овој партизански одред.
Загина како заменик политички комесар на Народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“ на 6 октомври 1943 година во борба со балистички и германски единици кај селото Кленоец, Кичевско.