2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Птица која прелета над трафостаницата на МЕПСО во близина на РЕК предизвика прекин на струјата и ги падна двата блока во РЕК

Октомври 06, 2023

Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница. Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ ( вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вработено во првобитната состојба а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено. Штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што АД МЕПСО - Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа. Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни, соопштија од  АД МЕПСО

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани