2win800x200

Се реализира втората фаза за изградба на колекторот во Потпелистерието

Октомври 09, 2023

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на работните активности од втората фаза за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри, во вкупна вредност од 4.416.470 денари. Изградбата на колекторот ќе овозможи прифаќање и одведување на отпадните води, во интерес на ставање во функција на изградената пречистителна станица и овозможување приклучок на повеќе краци од секундарната канализациона мрежа.

 received 1006116687329504

Градежните работи се во тек, а сообраќајот на оваа локација се одвива согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај, така што за време на изведбата на објектот, патот кој води конпелистерските села Трново – Магарево, ќе биде затворен од понеделник до петок сo времетраење од 08 – 15 часот.

 received 373554081660827

По завршувањето на оваа фаза ќе следува реконструкција на дел од локален пат до село Магарево во должина од 537 метри и вкупна вредност од 7.763.996,44 денари

 

received 704037841269204

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани