2win800x200

Ноќниот клуб „Јагода клуб“ Битола ја отвора својата четврта сезона - 20 октомври 2023

Октомври 18, 2023

Ноќниот клуб „Јагода клуб“ Битола е подготвен да ја отвори својата четврта сезона на 20.10.2023 година.

Со новата сезона доаѓаат и нови идеи, нови настапи и уште повеќе незаборавни моменти за сите вас. Јагода Клуб е познат по својата ексклузивна атмосфера, модерен дизајн и најдобрата музика во Битола. Оваа година, ќе направиме уште поголеми промени и ќе имаме неколку изненадувања за нашите верни посетители.

Одличниот тим на ди-џеи и различни гости ќе ве одведат на неверојатно патување преку најразлични музички жанрови - од поп и хип-хоп, до техно и хаус. Отворањето на 20.10.2023 ќе биде вистинско музичко искуство што не сме во можност да го опишеме со зборови, но можеме да ви најавиме дека ќе имаме настап на едени од најпознатите ди-џеи во регионот и Европа, кој ќе ве натера да се движите цела ноќ и да уживате во секоја нота. Се подготвивме за низа настани кои ќе гo одбележат овој период и тоа стартуваме овој викенд на 20.10.2023 Петок: KURZVEIL/WORLD TOUR - Lukas Lehmann B2B Helge Frerikson (DE) - Mitrik B2B Samardjiski (МК) 21.10.2023 Сабота: - Funk Shui (МК) - From another mother (HR) - Bad juju (МК) Клубот го обновивме, го подобривме и сме подготвени за уште една неверојатна сезона исполнета со забава и музика.

Нема достапен опис.

Бидете дел од нашата приказна, споделете ги моментите, и создајте спомени кои никогаш нема да ги заборавите. Ви благодариме за вашата поддршка и верување во нас. Се гледаме на отворањето! Ваш Club Jagoda Bitola MAKING NIGHTS BETTER THAN DAY

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани