Градоначланикот Тони Коњановски одговори на обвинувањата на СДСМ Битола
Битола заслужува велосипедски патеки. Тоа го ветувавме сите за време на политичките кампањи, а денес кога имаме можност да го реализираме овој значаен проект, не само што ја немаме поддршката од СДСМ, туку повторно ги имаме нивните лаги, кои граѓаните ги препознаа уште пред две години, поради што не им ја дадоа поддршката.
Додека општината и општинските служби вложуваат максимални напори да реализираат активности со кои ќе се подобри животот на битолчани и тоа според европски стандарди, за што имаме голема поддршка и од ЕУ, СДСМ неуморно се обидува да ги закочи сите иницијативи дури и по цена на губење на европските пари.