Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски на својот Фејсбук профил ја коментираше прозивката од СДСМ Битола за проектот вело-патеки
-10 години битолчани бараат, протестираат, демонстрираат за велосипедски патеки!
Најдовме решение заедно со ЕУ истите да се изградат, ЕУ одобри средства, сè се направи , НО, ете СДСМ одлучи да рече дека не требало.
Зад
велосипедските патеки стојат ГРАЃАНИТЕ НА БИТОЛА пред сè, Општина Битола, стручната јавност и ЕУ, а СДСM не дозволува напредок и развој на градот и стои со крената рачна!
Немањето на аргументи, овојпат СДСМ, го заменува со лични навреди на стручните служби, секретарот и градоначалникот.
За жал или среќа, сè е веќе видено од ваквиот партиски концепт кој сакаат да го инфилтрираат и во институциите со кои не раководат, така што нивните лажни кривични пријави, веќе никого не го потресуваат, а најмалку мене.
Тоа што искрено ме потресува и мене, но и цела Битола, е прашањето: како е можно, нашите сограѓани од СДСМ да не сакаат да се изградат велосипедски патеки во градот?, напиша Димитровски