2win800x200

Приведени крадци во Битола, го признале делото, одземеното вратено на сопственикот

Октомври 22, 2023
 
Денеска (22.10.2023) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола. 
Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот. Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. 
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани