2win800x200

МКЦ – Битола со јавен настан за одбележување на Меѓународниот ден на млади 2018

Август 10, 2018

МКЦ – Битола во рамките на својата годишна програма на 12 август 2018 година (недела) со почеток во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола организира јавен настан за одбележување на Меѓународниот ден на млади 2018.

Настанот има цел да ја потенцира улогата на младите како суштински партнери во промените во општеството и можноста за подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат.

Гости на настанот се младите луѓе од жонглерската група Acid Triple. Изведувачи кои сакаат екстремни начини на изразување, нивните перформанси претставуваат комбинација на жонглирање со оган, акробации и огнени илузии. Огнено доживување кое сите ги остава без зборови.

Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12-ти август од страна на голем број млади и организации низ целиот свет со организирање активности за подигнување на свеста за подобрување на состојбата на младите во својата земја.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани