Инфо ден на АДИ и МКЦ за пријавување корупција-Давањето поткуп е општоприфатена норма и тоа треба да се менува

Мај 21, 2021

Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со Младинскиот Културен Центар (МКЦ) од Битола, денеска организираа Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси. На Инфо денот граѓаните беа информирани за мандатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), којашто согласно со надлежностите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси. Нури Бајрами, член на ДКСК беше одговараше на прашања на граѓаните во врска со постапката за пријавување на корупција или судир на интереси.

20210521 125406

 

-Би биле задоволни како институција, граѓаните незасегнати, да пријавуваат сомневања, прекршувања на закон и слуачи кога се препознава злоупотреба на јавните овластувања и службените должности. Најважно е владеење на правото преку имплементација на закони и воспоставување на добро управување, е дури тогаш ако имаме воспоставен правен издржан систем тогаш може да се работи на подигање на свеста. Тоа не е воспоставено и граѓаните неможат да го препознаат. Институциите се политизирани до крај. Секој го критикува претходниот неводејќи сметка за тоа што се случува во моментов. Без примена на закон, неможе да се изгради држава, а камоли интегритет. Граѓаните го препознаваат тоа, и или не се заинтересирани, изгубиле надеж, или едноставно се плашат и е знаат што да прават. Но, ние сите како граѓани можеме да придонесеме тоа да се воспостави, бидејќи без првана дрѓава, владеење на правото и добро управувањр, нема да имаме ништо, рече Нури Бајрами, член на ДКСК.

 

20210521 125155

Новиот Закон за спечување на корупција и судир на интереси кој беше усвоен во јануари 2019 година ги зголеми и зајакна надлежностите на ДКСК и обезбеди поефективни механизми за постапување, со што се зголемија и очекувањата на јавноста за поефикасно спречување и борба со корупцијата. Во текот на 2019 година, до ДКСК биле доставени вкупно 1172 пријави за потенцијално коруптивно однесување, злоупотреба на јавна функција, судир на интереси, што е повеќе од бројот на пријави примени во ДКСК во претходните пет години. ДКСК во текот на 2020 година прими 550 пријави од граѓани со сомневања за постоење коруптивно однесување. Пријавите до ДКСК може да се разграничат по области: извршна власт, судство, образование, здравство, урбанизам, локална власт, но и по видови проблеми: спроведување на јавни набавки; вработувања; инспекциски надзор; издавање одобренија, решенија, лиценци и дозволи; судски одлуки.

 

20210521 122250

Инфо денот е последователна активност на истражувањето Проценка на ранливи области на локално ниво и чии што наоди беа презентирани на јавни дебати организирани во пет општини, вклучително и Битола во февруари. Истражувањето се спроведе во пет целни општини – Гостивар, Битола, Кавадарци, Куманово и Штип. Истражувачкиот процес вклучуваше анализа на правната рамка, интервјуа со релевантни чинители и анкета на репрезентативен број граѓани - 643 од целните општини. Истражувањето покажа дека околу 80 % во граѓаните во петте општини опфатени со истражувањето сметаат дека корупцијата е зголемена во споредба со периодот пред 10 години.  На околу 8 % од граѓаните во петте анкетирани општини им било побарано мито во изминатата година. Најголемиот дел од испитаниците рекле дека мито им било побарано од институција во областа на здравството, а следна е полицијата, па потоа судството.

-Наша улога како граѓански сектор е да им дадеме поддршка на граѓаните, правни лекови кои што им се на располагање, како можат да пријават злоупотреба на функција или полжба на службени лица. Долгорочно, целта би била да влијаеме на разнебитување на културата на корупција која е длабоко вкоренета. Кај нас давањето мито или поткуп е општоприфатена норма за обезбедување на некоја услуга и постепено таа пракса и свеста кај граѓаните треба да се менува, а тука е клучна улогата на граѓанските органзиации, медиумите и Комисијата за спречување корупција, вели Катација Михајловиќ од Асоцијација за демократска иницијатива АДИ-Гостивара 

 

IMG d0d31bc9a7c5dbc369af65af556cdf6d V

АДИ и Младински културен центар − Битола и во следниот период ќе бидат отворени и достапни за граѓаните кои сакаат да пријават корупција и судир на интереси, со информации и насоки каде и како да пријават корупција. Целта е зголемување на свесноста и храброст на граѓаните да пријавуваат незаконитости и нерегуларности во работењето на службените лица.

20210521 125708

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани