2win800x200

„Social day“ по трет пат ги обедини младите и работодавците во нашата земја

Ноември 14, 2023

Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на осми ноември 2023г. по трет пат ги обедини младите и возрасните во нашата земја.

Ден кога 195 средношколци од Северна Македонија стекнаа искуство за работата која отсекогаш ја посакувале, а истовремено се ангажираа во заедницата за да им овозможат на своите врсници подобра положба во земјата.

21

Ден кога над 60 општествено одговорни домашни компании и организации обезбедија работни позиции за младите и донираа време, знаење и финансиски средства за доброто на младите. 245,000 денари изнесува младинскиот фонд креиран преку соработка на младите и возрасните, кој во наредните месеци ќе придонесе за спроведување на младински проекти.“

Токму ова се главните резултати од третиот „SOCIAL DAY“ во нашата земја, во организација на здружението на граѓани „Младите можат“ во Скопје, Битола, Охрид и Радовиш.

На овој ден 60-тина домашни компании и организации земаа учество и обезбедија позиции за 195 средношколци, меѓу кои: Комерцијална Банка АД Скопје, Кодит Солушн, Приватна агенција ДЕКРА, ИТ Лабс, Рудник Бучим Радовиш, А1 Македонија, Аптеки Еурофарм, општина Центар, Кеслер, РЕК Битола, итн.

8

Импресиите по завршување на работниот ден се позитивни, дел од средношколците си ја потврдија желбата кон одредена професија, дел од нив разбраа дека сакаат нешто друго да работат. Но, најважното од сѐ, секој од нив се стекна со ново искуство и доби можност да истражува и спознава нови работи.

- Бојана одлично се снајде во улогата на административен работник во одделот човечки ресурси.. Подготви фактури за плаќање, архивираше документи, пуштивме оглас за вработување, па дури и се обидовме да регрутираме кандидати за работа. За домашна задача ѝ дадов да си отвори „Линкдин“ профил и да започне да си го гради своето CV. Бојана е бистра млада личност, којашто знае што сака во животот. Ѝ посакувам многу успеси! – вели Деана Савески, менаџер за човечки ресурси.

71

- Младите се катализатори на промени чиј потенцијал треба да се охрабрува, пред сѐ од нивните заедници. Нашата мисија е да ги подготвиме младите за лична позитивна трансформација, да придонесеме кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество.

51

Преку „Social Day“ сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните советници, кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите. Веруваме во млади коишто размислуваат глобално, но делуваат локално, млади кои имаат развиено чувство за солидарност, млади кои го инвестираат своето време за подобрување на состојбите во својата заедница, млади кои веруваат во одржлив свет – вели Анита Николовска, извршен директор на Здружение на граѓани, „Младите можат“.

41

Во наредниот период се очекува реализација на проект од млади за млади, којшто ќе биде избран и имплементиран од младите, а ќе влијае на подобрување на квалитетот на животот на младите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани