2win800x200

СВР со апел возачите да носат зимска опрема и да внимаваат на условите на патиштата

Ноември 25, 2023

Апелираме до граѓаните, односно возачите на патнички и товарни моторни возила за доследно  почитување на задолжителната обврска за поседување на зимска опрема во возилата, како и на потребата од прилагодување на возењето кон зимските услови на патиштата.

Поради обилните врнежи на снег на патиштата, особено на планинските превои, апелираме до возачите доколку не е неопходно да не тргнуваат на пат и да бидат исклучително внимателни поради отежнато движење на товарните возила и обилните врнежи на снег

АМСМ соопшти дека  од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани