Во рамките на одбележувањето на патронот на нашиот град, преподобниот Св. Нектариј Битолски, синоќа во свечената сала на Офицерскиот дом се одржа концерт на хорот „Стив Наумов“ од Битола.
На концертот присуствуваа градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, неговото високо преосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски Гсподин Петар, црковсни лица, како и голем број
љубители на хорската музика. Хорот изведе дела од нивниот богат опус на духовна музика.
Празнувањето на преподобниот Св. Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола продолжува и денес со утринската литургија во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, по што ќе се одржи литија низ битолските улици, а во 14.00 часот ќе бидат доделени пофалници на наградените ученици.