2win800x200

Милевски: Ја повикуваме Габриела Илиевска од морални причини да си поднесе оставка од претседател на Советот

Декември 21, 2023

Веќе извесен период наназад од седница во седница се потврдува новото мнозинство во Советот на општина Битола: СДС, ДУИ, Левица, Поинаку. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата денеска побара разрешување на претседателката на Совет Габриела Илиевска, рече на денешната прес-конференција Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред две години ВМРО ДПМНЕ како никогаш претходно покажа демократски капацитет и во тој момент како идно политичко делување за градот ги вклучи и Поинаку, поради волјата на граѓаните кои го поддржаа ова движење со цел да се испочитуваат поголем број на гласачи, битолчани. Демократскиот капацитет на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата беше до таму потврден – со отстапувањето на местото претседавач на Совет, во името на заедничката соработка и афирмирање на граѓанските идеи за Битола.

По две години очигледно е дека намерата не била да работиме за граѓаните, приорит биле исклучиво напади на поединци, меѓусебни, личните ставови и интереси пред интересот на граѓаните и Битола. За жал, Битола и нејзините граѓани и натаму остануваат заробеници на наследниците на крајно деструктивната Шарена револуција, на огромно наше жалење, повторно теснопартиските и личните интереси им пресудуваат на битолчани, повторно градот и целата општина се жртви на тесни погледи, голо политиканство и луѓе кои, де факто, не само што не и мислат добро на Битола, туку не се во состојба разумно да размислуваат и кога иднината на нивните деца и внуци е во прашање.

Пред јавноста уште еднаш е потврдено какви наследници на “Шарената револуција” имаме во Советот. Тие кои ја рушеа и ништеа државата, денес гласаа заедно и си даваат едни со други поддршка во Советот. Градоначалникот Тони Коњановски, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и натаму остануваат во силно сојузништво со граѓаните и ќе продолжат со работа исклучиво во интерес на Битола и битолчани, максимално посветени во реализација на проектите и решавање на предизвиците“, истакна Милевски.

Нема да се откажеме од борбата за поубава и економски силна Битола и тоа е единствениот мотив кој што ќе не води и во нашите натамошни чекори и делување, додаде тој.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани