АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прва изложба во 2024, во КИЦ Битола ќе биде поставена на 20 јануари во Офицерскиот дом.
Станува збор за Изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски.
Живеењето во современиот свет, посебно последниве декади е познатo и како време на хроничен и мултидимензионален стрес. Во времето кога фреквенциите на стрес и негативност преовладуваат, кај сите нас на различен начин се појавува потребата за извор на нивно прочистување и обнова. Таквата потреба наоѓа израз во овие дела на оваа изложба насловена како “Поема на атомите” кои верувам и се надевам дека придонесуваат, кон ако не прочистување тогаш барем амортизирање на тежината на нашето секојдневие. Темата на изложбата и нејзино име – “Поема на Атомите” е инспирира од древната поезија на Руми, легендарниот поет и мистик од 13 век, кој во својата поема пее за атомите како израз на љубовта и прoчистувањето. Историјата и мудроста се споени во современиот јазик на слика, создавајќи мост помеѓу вековните стремежи на секој човек и денешниот свет.
Минатата 2023 гoдина ЈОУ КИЦ Битола ја заврши со бројка од 43 домашни и меѓународни ликовни изложби.