Општина Битола го продолжи рокот за аплицирање на јавните повици за работно ангажирање на лица.
Рокот на јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование во рамките на проектот Јавни работи е продолжен до 23.01.2024. Сите информации за повикот достапни се на следниот линк
Рокот на јавниот повик за доставувачи на решенија за данок на имот е продолжен до 23.01.2024, а деталите се објавени на следниот линк
Заинтересираните кандидати потребно е да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта) во наведените рокови.
Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.