2win800x200

Во Битола се одржа вториот меѓународен шаховски турнир „Штајниц 2024“

Јануари 21, 2024

На големо задоволство на сите вљубеници во шахот, денеска по вторпат во Битола се одржа еднодневниот меѓународен турнир „Штајниц-2024“ во организација на истоимениот шаховски клуб, основан пред две години.

-Станува збор за еднодневен шаховски турнир „Штајниц-2024“, на кој  учествуваа 46 шахисти од Грција, Србија и Македонија. Ова е втора година, но планираме шаховскиот турнир да премине во традиција, вели Пеце Богдановски, претседател на шаховскиот клуб Штајниц

Богдановски додава дека целта е да се направи една убава шаховска приказна во Битола, град кој има шаховска традиција, но и да ги поттикнат младите да ја играат оваа спортска дисциплина.

-Мотивот за отворање на шаховскиот клуб е работа со млади кадри. Во рамките на клубот имаме шаховска школа за да се совладаат тајните на шаховската игра од страна на млади и други заинтересирани шахисти. Преку систем на натпревари вложуваме труд уште повеќе да се усовршат во нивната игра. Освен играта и натпреварувачкиот дух, присутна е дружбата на младите и повозрасни шахисти од државата и странство, вели Богдановски.

На турнирот се играше брозопотезен шах со 9 кола

Победници на турнирот се:

  1. Дејан Ѓорѓијески
  2. Адреј Вељаноски
  3. Филип Михов
  4. Кире Николоски

Специјална награда за млад шахист доби Константин Лушески

viber image 2024 01 21 17 51 46 446

viber image 2024 01 21 17 52 12 361

viber image 2024 01 21 17 52 36 274

viber image 2024 01 21 17 52 39 840

viber image 2024 01 21 17 52 38 838

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани