Еурофарм Пелистер славеше во суперлигашкото дерби против Вардар

Февруари 10, 2024

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со резултат 27:21 го совлада Вардар 1961. Дербито од плеј-офот во македонската ракометна Суперлига се одигра денеска  во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Во целосно изедначеното прво полувреме, во кое централни фигури беа Филип Кузмановски на едната и Мартин Томовски на другата страна, предноста во продолжението ја донесоа словенечките интернационалци во домашниот состав.

Гедбан на полувремето беше заменет од Урбан Лесјак, а тренерот Ангеловски бекот за победа го пронајде во Домен Тајник кој во вториот дел од мечот ја разби одбраната на Вардар.

Три одбранети цицери на Лесјак и серијата голови на Тајник се причините за предност на домашните од 19:14. Кузмановски и Тајник до крајот го одржаа нападот на „зелените“. Вардар не успеа да ја намали негативата на помалку од четири гола.

Ширината на ростерот на актуелниот шампион беше пресудна. Поквалитетни избори на надворешните позиции, Ангеловски максимално ги искористи – неговиот тим беше многу подобар противник во вториот дел. Одличниот Матија Николиќ на централниот бек и Лазаревски на линијата немаа доволно добра напаѓачка постава, а во вториот дел киксна и одбраната.

Во редовите на битолската екипа најефикасен беше Филип Кузмановски со осум голови. На спротивната страна за скопските „црвено-црни“ Матија Николиќ пет пати се запиша во листата на стрелците.

Градоначалникот Тони Коњановски упати честитки до македонските ракометни шампиони РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР за убедливата победата над големиот ривал РК ВАРДАР 1961

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани