2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: СДС СЕ ЛАЖНИ ЕВРОПЕЈЦИ !

Февруари 13, 2024
 
Интегрален текст од реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола на прес конференцијата на СДСМ Битола
 
Толку многу, се му е измешано на локалциве од СДС, хаос.
Им останува само губитничкиот крај на централно ниво - страшно ќе бидат поразени на претстојните избори, така се повеќе не знаат ниту што прават, ниту што бараат.
Останаа само константа во опструкциите и штетата што и ја нанесуваат на Битола.
Целата ситуација во која се притиснати и ошумоглавени, очајот, безнадежноста и изгубеноста, замислете почитувани, ги тера да бараат оставки од градоначалникот Коњановски, заменик градоначалникот - Бојковски, советникот - Ѓорѓиевски и секретарот во општината Димитровски, потполно заборавајќи дека поминато е времето кога се гази и се испревртува јасно изразената волја на граѓаните, дека премиерувањето на Таче, а и ова на техничкиот Ајнштајн Талат Џафери им е последното понижување и вулгарно негирање на волјата на мнозинството граѓани.
Срамота е во отсуство на аргументи и нешто паметно да кажете, токму вие да барате оставки и уште еднаш јавно ве повикуваме, без причина и без аргументи немојте да го загадувате јавниот простор и не ги малтретирајте граѓаните, на кои овие седум години им ја извадивте душата.
Ги пониживте, економски ги уништивте, ги избркавте и ги иселивте, сега и ги заробивте и на добар пат сте да направите гето од Македонија, ама цела среќа што не ви остана време и заминувате.
Хипокризијата во која сте западнале, а од која страда и вашата моментална министерка за култура, инаку битолчанка нема крај. Тоа се потврди и со распределбата на средствата од Министерството за култура.
И да, точно е, се согласуваме, парите не ги добиваат Тони и Борче, ама и Бисера не ги дели парите од својата приватна сметка. Тоа се пари на граѓаните - даночни обврзници.
За жал, СДС, никогаш не биле достоен “каршилак”, ниту како опозиција, а уште помалку како власт!
Срамота е СДС да изразуваат лажна грижа сега, а кога поедноставно и најлесно беше да гласаат во Советот и да застанат на страната на битолчани.
Уште посрамно е грижата, лицемерието и манипулациите во однос на европскиот проект Smart4You2 и барањето одговорност и оставки од градоначалникот Коњановски и секретарот Димитровски.
Проѕирно е многу, освен заканите со кривични СДС, друго не знае да зборува.
Остана уште многу малку време и тоа ќе заврши, а СДС и нивниот газда ДУИ не можат повеќе да се кријат од граѓаните и да ги уценуваат!
 
Објавено од А.Б
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани