2win800x200

КОЊАНОВСКИ-РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА РЕСТОРАНОТ „ПАРК“ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ИМА СУДБИНАТА НА ЗАТВОРЕНИОТ ПЛИВАЧКИ БАЗЕН

Февруари 13, 2024
За два дена, се навршуваат 4 години од поставувањето на камен темелникот на затворениот пливачки базен во Битола, од страна на централната власт на СДСМ, објави градоначалникот Тони КОњановски на Фејсбук.
 
Ветените домашни и меѓународни натпревари на овој простор досега не се случиле, ниту проектот е финализиран. Ова е пример, како не смее да се реализираат проекти, без јасна цел и визија, а можеби и со бројни сомнителни случувања или „пречки“, од за мене непознати причини.
Затворениот пливачки базен, не смее да му се случи на проектот за реконструкција на објектот на поранешниот ресторан „Парк“, затоа што лажните ветувања не се принцип на работа на оваа локална самоуправа. Целосно се согласувам со изјавата на министерката за култура, дека одобрените 9.125.200 денари треба да се искористат до крајот на годината, после извршена измена на планот за јавни набавки и согласно доставени ситуации, што всушност е и редовен начин на работа, но морам да напоменам дека за тоа да се направи потребно е да постои техничка можност, односно проектот да постои во некоја од општинските програми, што на последната седница беше спречено од новото мнозинство на СДСМ и Поинаку. Морам да ја потсетам министерската и дека, за реализација на целиот проект потребни се уште 49.124.084 денари, за кои со развојната програма го побаравме токму тоа: пренамена на средствата и можност за искористување на одобрените пари од Министерство за култура за планираните активности. За жал, советниците од СДСМ, не ја прифатија пренамената со која проектот целосно би се завршил. Напротив и денес, продолжуваат да манипулираат со јавноста, барајќи оставка од мене.
Мојот приоритет е Битола, а не нивните неосновани и лажни обвиненија. Токму затоа, за нашата општина и битолчани, ќе им дадеме пример за успешност, кој верувам ќе ги научи дека наместо лажна промоција, потребна е работа и реализација.
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани