2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ноќеска промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Август 26, 2018

Во текот на ноќта и утре се очекува поголема промена на времето, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, информираат од УХМР

 Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд (над 20л/м2).

Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд.

Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали, а во Битола утре ќе се движи од 17 степени минималната до 23 степени максималната температура

Промените на времето најмногу ќе ги почувствуваат метеоропатите, кои најмногу проблеми ќе имаат попладнево со главоболки, болки во колената, грбот и вратот.

Во раните утрински часови кај поголем број луѓе е можна појава на општа слабост, чувство на тежина во главата, а овие симптоми ќе бидат уште поизраени во текот на денот, се наведува во биометеоролошката прогноза на УХМР

v

 

b

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани