Време е да се евакуира и последната оставштина на груевизмот во ДПМНЕ!
Цела недела се евакуиравме. Денес испадна дека евакуацијата е неуспешна! Што значи, веројатно, не се евакуираме.
Ставовите на ДПМНЕ траат не подолго од една недела. Вечна е само нивната битка за моќ, власт, пари! И една друга работа која ќе ја премолчиме во име на остатоците од политичката култура која ДПМНЕ ја урниса.
Како Тиранската платформа, како мигрантите што ќе се доселуваа во Битола, како Никогаш Северна...така ќе помине и оваа приказна на ДПМНЕ. Ќе остане само срамот на она што сега се поставува како ВМРО-ДПМНЕ во Битола!