2win800x200

Имаме болно стопанство, криминал и корупција-вели заменик министерката Петрова по средбата со битолските стопанственици

Февруари 29, 2024

Стопанството боледува од нефункционална држава, криминал, корупција, празен буџет, високи трошоци, административни бариери...Ова се само дел од заклучоците што ги истакна дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова по денешната средба со битолските стопанаственици. 

Нема достапен опис.

-Денес во Битола имавме продуктивна средба со Регионалната стопанска комора, и зборовите се болно стопанство, нефункционална држава, криминал и курупција, празен буџет. Нема сегмент во економијата каде компаниите немаат проблеми во бизнисот. Значи се соочуваат со високи трошоци, проблеми со работната сила, намалена ликвидност, сива економија...Несоодветни мерки за поддршка кои довеле до уништување на цели стопански сектори. Прашањето на бизнисот е катанец или пресврт, рече заменик дополнителната министерка за финансии Елена Петрова по денешната средба со битолските стопанственици. 

Петрова дополнува дека проблем за стопанството е и актуелната даночна политика и лошата инфраструктура. 

-За стопанството е потребна политика на ниски и рамни даноци, таква ќе биде политиката на новата влада на ВМРО ДПМНЕ, рече таа.

Проблемите на стопанствениците ги слушна и градоначалникот Тони Коњановски истакнувајќи дека  ќе се вложува во нови политики за реобнова на згаснатото стопанство и решавање на проблемите на бизнис заедницата.  

 

А.Б 

429379277 2098581257173260 3604702058782286504 n

вввв

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани