Весна Апостоловски – Битола, автор и публицист од Битола ја доби првата награда на конкурсот за кус расказ „И цвеќе и
шлаканица“. Во категоријата ученици наградата ја доби Миа Диневска.
На 6 март 2024 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа настан на кој беа доделени наградите за кус расказ кои оваа година беа на тема „ И цвеќе и
шлаканица “.
Оваа година комисијата во состав: Илче Стојановски – НУУБ,, Св. Климент Охридски “ Битола , Маргарита Кочанковска Папачек дип. Професор по Македонски јазик и книжевност и Светлана Папачек од Организација на жени од Битола едногласно ги награди следните учесници поделени во две категории:
Категорија ученици
3 награда – шифра 1202007 – Нина Велиновска – Ресен
2 награда – шифра желба – Сања Костадиновска – Битола
1 награда – шифра ученик 20122007 – Миа Диневска – Битола
Категорија возрасни
3 награда – шифра ветер – Наташа Брезовска – Богоевска – Велес
2 награда – шифра 135/96 – Емилија Карафилоска – Охрид
1 награда – шифра бистра вода – Весна Апостоловски – Битола
Им честитаме на сите наградени.
Во склоп на настанот беше поставена изложба на слики на Тања Илиева во техника акрил на платно и на камен.
Објавено од А.Б