2win800x200

"Плетење за спокојни умови“

Март 25, 2024

 

Токму затоа на 22.03.2024 година во Битолската Библиотека, се одржа работилница за подобрување на менталното здравје на тема "Плетење за спокојни умови“ во соработка со ЗУР Македонски ракотворби.

Позитивните ефекти по здравјето од плетењето се проучувани долго време. Многу истражувачи велат дека плетењето е новиот умствен спокој. Ритмичкото движење на плетењето како и хеклањето е битно и често се споредува со спокојната свест, внимателноста.

May be an image of 2 people, lace and text that says 'aqua viva'

Внимателноста е ефикасен лек за стрес. Не е ни чудо што е откриено дека плетењето и хеклањето исто така го ублажуваат стресот, болката, па дури и депресијата. Во исто време, плетењето нуди добредојдена пауза за оние кои се борат со огромна поплава од информации и постојано брзање. Тоа учи на трпение. Некои застапници на плетењето дури го нарекуваат и нова јога. И двете се древни вештини кои придонесуваат кај лицата кои ова го практикуваат да забават и да престанат да размислуваат за сегашниот момент. Го ставаат мозокот во медитативен режим. Плетењето е хоби кое ги забавува жените низ целиот свет, а неврологијата признала дека оваа активност е како јога за вашиот мозок. Во едно истражување во кое учествувале повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет, се докажало дека за време на плетењето често настанува забавување на срцето. Релаксацијата и ослободувањето од стресот се само некои од придобивките од ова хоби. Придобивките од плетењето не можат ни да се споредат со другите слични активности. Многумина веруваат дека токму плетењето им помага на постарите жени да останат присебни и да продолжат со животот. Можно е дури да се ослободите и од вашата депресија со ова хоби.

 

Објевено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани