2win800x200

Интензивно се подготвува мензата во РЕК Битола, вработените по 10 години повторно ќе добијат топол оброк

Март 26, 2024

Во РЕК Битола пристигнаа првите пратки од новата опрема за мензата која наскоро треба повторно да биде отворена во комбинатот и работниците да добијат топол оброк после повеќе од 10 години пауза. 

Набавени се најсовремени апарати и машини кои гарантираат здрава и безбедна исхрана на вработените во РЕК Битола, како и на сите останатите работници ангажирани во комбинатот преку фирми изведувачи. 

IMG f8fdb08a226f9e041559ef53ad7f5acf V

Инфраструктурните зафати во објектот на мензата се интензивираат и наскоро вработените во РЕК Битола повторно ќе дојбијат општествена исхрана, како во најдобрите години од постоењето на комбинатот. Во големата ресторантска сала вградени се инсталациите за проток на воздух, за ладење и греење, променета е електричната инсталација и дограмата. Целосно е променет и покривот на објектот.   

IMG 464b26f1d14fd3129016c71993431e6f V

Во кујната, каде ќе се подготуваат оброците за вработените, се изведуваат неопходните зафати согласно ХАСАП системот и деновиве започнува вградувањето на елементите. 

IMG 343e97c11bdb2cddec15cbc31665b15b V

Со ресторанот за општествена исхрана во РЕК Битола стопанисува ЕСМ Молика. Квалитетот на храната по кој е препознатлив Хотелот Молика е гаранција за врвната услуга  што наскоро ќе ја добијат вработените во мензата на РЕК Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани