2win800x200

Почина Билјана Василевска Трајкоска, битолчанката од Сојузот за младинска работа

Април 01, 2024

Почина Билјана Василевска Трајкоска, член на управниот одбор на Сојузот за младинска работа (СМР)

„Со неизмерна тага ве известуваме дека денес нѐ напушти нашата Билјана Василевска Трајкоска. Со нејзината професионалност, посветеност и компетенција, Биле остави неизбришлива трага врз развојот на младинската работа во нашата земја и пошироко. Како член на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа, а подоцна и како дел од Секретаријатот и Генерален секретар, Билјана предводеше многу процеси за признавање и развој на младинската работа.

Заедно преживеавме многу битки, доживеавме големи успеси и разочарувања, водевме безброј дискусии, и никогаш не престанавме да сонуваме за иднина во која секој млад човек ќе ја добива поддршката што ја заслужува. Како вистински борец, до самиот крај беше покрај нас и ни помагаше да ги планираме наредните чекори. Уште долги години многу младински работници ќе учат од материјалите што Биле ги напиша, и ќе ги користат можностите што таа ги создаде.

Биле, огромна привилегија е што те имавме! Сочувство до семејството, и нека ти е светол патот“, пишува во објавата на „Фејсбук“.

 

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани