АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Демирхисарско се апсат дрвокрадци кои пустош ја направиле демирхисарската коријата, неофицијално дознаваме од жители на овој крај.
Во акција на МВР и Шумската полиција од утрово фатени биле дрвокрадци на повеќе локации во Демир Хисар, а едно од селата каде се вршел претрес било и Слоештица, тврдат наши извори. Дрвокрадците од Слошетица според првичните информации биле фатени со над 20 кубици дрва, нелегално стекнати. Полицијата, според нашите извори влегува и во други села во Демирхисарско каде има информации за дива сеча од организирани „банди“.
Очекуваме официјална информација од СВР Битола и датали од акцијата.