2win800x200

Додека бев министер дури и во време на пандемија не фалеа лекови за дијабетичарите - рече Филипче

Април 10, 2024

На средба со лицата со дијабетес од Радовиш и околните региони, д-р Венко Филипче информираше за плановите предвидени за оваа важна категорија на пациенти во насока на подигнување на квалитетот на нивниот живот преку подобрување на терапијата што ја добиваат.

Д-р Филипче е носител на листата на кандидати за пратеници од СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4 и пред лицата со дијабетес ги презентираше мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“ на СДСМ.

„Ќе продолжам да се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, како што беше кога бев министер за здравство, тогаш и во најголемата здравствена криза, дијабетичарите не останаа без терапија и без ленти, игли, гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес“, рече Филипче.

Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер беа направени клучни промени во терапијата за лицата со дијабетес: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија.

Филипче најави дека ќе ја продолжи ваквата непосредна комуникација, со сите граѓани, вклучително и со лицата со дијабетес и со нивните здруженија, со цел, како што рече, партнерски да се креираат решенија што ќе значат подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани