2win800x200

GENERALKA WEEKEND по четврт пат на 17, 18 и 19 Мај

Април 10, 2024
 GENERALKA WEEKEND 24 е најголемата еколошка акција во нашата земја и на Западен Балкан, што ќе се одржи годинава по четврт пат на 17, 18 и 19 Мај. 
 
Во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД досега учествуваа над 25.000 волонтери и се собрани над 600 тони отпад, и засадени (со Министерство за земјоделство и национални Шуми) над 95.000 дрвја во Петровец и околу Велешкото езеро Младост.
 
Годинава во GENERALKA WEEKEND 24 на 17, 18 и 19 Мај се вклучуваат:
  • 81 општина
  • над 350 училишта
  • 3 Национални паркови (Галичица, Шар Планина и Шари од Косово)
  • Центар за Управување со кризи
  • Црвен Крст
  • Федерација на планинари
  • Амбасади
  • и уште стотина пензионерски здруженија, месни и урбани заедници, спортски и еколошки клубови, невладини организации и институции.
 
Четири специјални акции:
  • големо отварање на Кале со чистење на целиот појас до Музеј на современа
  • погранична акција за чистење на Националните паркови Шар Планина и Шари од Косово
  • погранична акција на Охридско езеро
  • специјална акција со армијата на неколку локации во НП Шар Планина
 
Оваа година  и со преносот во живо од сите општини учеснички што ќе трае 2,5 часа на 17 Мај од 9 до 11 часот. Ќе има вклучувања од цела земја и ќе оди на youtube каналот: https://www.youtube.com/results?search_query=generalka+weekend
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани