2win800x200

Матеја Јанеска ја освои првата награда на натпреварот „Детски семафор“ 2024

Април 17, 2024

Матеја Јанеска ученичка во второ одделение во ОУ „Крсте Петков - Мисирков“ од Бистрица е добитник на првата награда на натпреварот „Детски семафор“ 2024. Натпреварот се одржува во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - Битола и Општинскиот сојуз на здруженија за техничка култура - Народна техника -Битола. 

Литературната творба на Матеја е напишана под менторство на наставничката Виолета Шурбановска.

 

                                             СЕМАФОР 

Во автомобилот си седам семафорот го гледам. 

Три светла трепкаат за известување светкаат. 

Црвеното светло возилата ги запира им вели : СТОЈ!

Сите наредени без број! 

Жолтото светло:

-Спреми се! - вели

-Почекај само малку, пет секунди цели. 

Зеленото светло:

-Тргни, веднаш! - вели 

Побрзај и стигни кон твоите цели! 

435378918 232346299941110 1770378378088137528 n

429568723 934801688656374 4015799749486497676 n

436690463 410743008251494 6327718128437359180 n

436703294 1232141367761919 4683670176196326811 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани