АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Караванот на Државната изборна комисија е дел од кампањата „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува денес со посета на Градско, Битола и Пласница, а ќе бидат опфатени преку 12 општини од територијата Република Северна Македонија. Како дел од овогодинешната едукативна и информативна кампања, ДИК во општините кои ќе ги посети ќе дели едукативен материјал, со цел да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Парламентарни и Претседателски избори и да ги едуцира и за двата изборни циклуси.
Со караванот на ДИК ќе се посетат следните градови и општини: – Струмица, Конче и Штип, Куманово и Старо Нагоричане, Скопје и Студеничани и Тетово и Теарце.
Државната изборна комисија, ја подготви оваа едукативна и информативна кампања – „ТИ СИ НА РЕД“ со цел да поттикне поголема излезност на овие избори и да упати апел кон сите гласачи, дека и на претстојните Претседателски и Парламентарни избори нивните лични гласачки права се загарантирани.
Од Државна изборна комисија апелираат до гласачите и да ги проверат нивните податоци во Избирачкиот список на следниот линк: https://www.izbirackispisok.gov.mk/.