АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеници од СВР Битола по преземени мерки и активности денеска го повикаа на информативен разговор во полициска станица А.И.(29) од Битола при што го пронајдоа велосипедот кој го одзел неговиот малолетен син и истиот е вратен на сопственикот. Имено, на 27.04.2024 во СВР Битола З.П.(50) од Битола пријавил дека на 26.04.2024 околу 20.30 часот во Градскиот парк во Битола, неговата малолетна ќерка била нападната од малолетник, кој со закана ѝ го одзел велосипедот. По документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.