АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница го имплементира проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Северна Македонија преку Еразмус + Програмата на Европската унија. Целта на проектот е да им се обезбеди на младите девојки и жени со помали можности од Општина Битола и Пелагонискиот Регион теоретско знаење кое ќе им помогне подобро да го разберат системот и доследно да ги користат демократските алатки, а со тоа да ја зајакнат нивната политичка зрелост и да бидат активни граѓани во општеството и заедницата. Активностите во рамките на проектот вклучуваат обука, посета на Општина Битола и завршна конференција.