АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие за паркирање ЈП Паркинзи - Битола, продолжи со обележување на пешачките премини на повеќе сообраќајници во градот. Бележењето се врши со пластична маса и разликата може да се види на пешачките премени кај улицата „Димитар Илиевски Мурато“, кај Камен мост и на други локации.
-Ваквиот начин на работа има за цел да обезбеди поголема трајност на обележаната хоризонтална сигнализација, а со тоа да придонесе и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, велат од ЈП Паркинзи Битола .