2win800x200

14 годишно дете од Битола ненадејно починало додека било на ливада во атарот на Крстоар

Мај 13, 2024
фото Интренет фото Интренет

Момче од Битола на 14 годишна возраст, ненадејно починало додека вчера со другарчиња си играло на ливада, во атарот на село Крстоар, близу Битола.

Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми.

Според кажувања на родители чии деца биле присутни на забавата, момчето, наводно било гостин на роденденска прослава кај свое другарче и попладнето во еден момент додека си играле на ливадата, во близина на Крстоарски манастир, со останатите деца, му се слошило и паднало на земја.  Веднаш била повика итна медицинска помош, но здравствената состојба била тешка.

 

-На 12.05.2024 во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на с.Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираше полицијата .

 

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани