Продолжува реконструкцијата на улицата Стив Наумов во должина над 2 километри. Денес, извршено е преасфалтирање на раскрсницата кај УЗ Стево Патако, односно првиот дел, за кој од изведувачот беше побарано да изврши корекција на сопствен трошок и асфалтирањето да биде квалитетно завршено. Покрај овој дел, се асфалтираше и на потегот кај Гостинската куќа „Чола“, како и уште еден дел во непосредна близина, за да се овозможи
ослободување на сообраќајот, а работните активности во следните денови да продолжат непречено.
Од понеделник, продолжува реконструкцијата на делот од Гостинската куќа „Чола“ до улицата „Пецо Божиновски“.
Инфраструктурниот проект за улицата „Стив Наумов“, вклучува комплетна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.