АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Седумнаесет средношколци од Битола, кои во минатата учебна година освоија прво место на државните натпревари, денеска добија парична награда и од општиснкиот буџет, од ставката разни трансфери во програмата градоначалник.
-На почетокот на новата школска година и пред празникот 8 септември, два поводи се доволна причина да доделиме по 3000 денари на секој ученик кој има освоено прво место на држаните натпревари , како поддршка за нивните успеси во изминатата школка година, а како мотив да продолжат да работата на тој начин, но и мотив за останатите ученици да нижат успеси и да стекнуваат повисоки знаења. Средствата се издвоени од ставката разни трансфери од програмата гградоначалник за кои што во минатиот период често пати зборувавме каде одат овие пари, изјави градоначалничката Наташа Петровска, која денеска ги покани средношколците во нејзиниот кабинет да им ги додели паричните награди.