2win800x200

КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА НА МАКЕДОНСКО-ШВЕДСКИОТ КЛАРИНЕТИСТ БЛАГОЈ ЛАМЊОВ

Мај 29, 2024
Фотографка: Една Јурцан Фотографка: Една Јурцан

„Со голема возбуда и посебно задоволство конечно ќе настапам пред битолската публика. Битола отсекогаш ми била драга, зашто од Битола доаѓаат едни од моите најдраги актери и уметници со кои сум растел и сум ги гледал на сцените и тв-екраните, воопшто. Ќе имам самостоен концерт во град во кој се родиле едни такви великани, уметници кои многу придонесле за нашето општество, за Македонија“, вели кларинетистот Благој Ламњов, пред својот прв самостоен концерт во Битола.

Кларинетистот Благој Ламњов е познат по неговото исклучително емотивно музицирање и свој начин на изведба на македонската музика. Неговиот албум „Носталгична љубов“ го збогати кругот на слушатели на инструментот кларинет. ‘Ми откри една нова димензија на кларинетот’ е чест коментар што се слуша од публиката која првпат се сретнува со музиката на Благој, кој долги години живее и работи во Малме, Шведска.

Првиот самостоен концерт на Ламњов во Македонија е во неговиот роден град Велес, на 3-ти јуни, кој се распродаде во рок од 2 недели, а вториот концерт е на 5-ти јуни во Офицерскиот дом во Битола. Карти за концертот можат да се набават на Широк Сокак, во книжарницата ЛитератураМК, во Tobacco Brothers, како и онлајн на страницата mktickets.mk.

На концертите во Велес и во Битола ќе го придружува гитаристот Петер Тегнер од Шведска. Ќе се изведува музика од албумот „Носталгична љубов“, а најавени се и неколку музички изненадувања.

https://www.youtube.com/watch?v=A0X9bx_Qmgw

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани