2win800x200

Монструмот од Битола - полов напад на немоќно лице во Битола – сѐ е пренесувано на Јутуб

Мај 29, 2024

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело „полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик“, а Судот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ОЈО, на 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Youtube.

 

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оценувајќи дека предлогот е оправдан и законски основан, Судот определи притвор во траење од 30 дена, соопшти ОЈО. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани