2win800x200

Коњановски на терен-Екипите на „Водовод“ масимално се ангажираат за санирање на состојбата и нормализирање на водоснабдувањето

Мај 29, 2024

Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на лице место по дефектот што настана со водоводната цевка на ул.„Булевар 1 ви Мај“, над Црн Мост. Екипите на „Водовод“ се на терен.  

-После појавата на дефектот на цевка на ул.„Булевар 1 ви Мај“, веднаш излегов на терен во координација со екипите на ЈКП Водовод и сообраќајната полиција. Оштетувањата на коловозот се предизвикани од пукање на азбестна цевка Ф 300, што предизвика вистинска хаварија на улицата и заради потребата од итна интервенција, на повеќе улици прекинато е водоснабдувањето, а сообраќајот е пренасочен. Согледувајќи ги проблемите кои постојат на улицата „Булевар 1 ви Мај“, минатата година изготвивме комплетна документација за реконструкција на улицата и промена на водоводната цевка, така што уште оваа градежна сезона ќе започне реализацијата на овој проект. Во меѓувреме, побарав од екипите на ЈКП Водовод со својата стручност и професионалност, максимално да се ангажираат за санирање на состојбата и воспоставување на нормално водоснабдување, што е можно поскоро, објави градоначланикот Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани