2win800x200

МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ ПЕЛАГОНИСКИ ОПШТИНИ ОБУЧЕНИ КАКО ПРЕКУ МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВА И ПОТРЕБИ

Мај 29, 2024

Младите од руралните пелагониски општини вклучени во проектот „Различни потреби, идентични права“, кој е дел од поголемиот проект „Заедници инклузивни за млади“, спроведен од Националниот младински сојуз на Македонија, во Малди Хуб во Битола, вчера ги презентираа своите постигнувања во младинскиот активизам.

Проектот траеше шест месеци, од ноември 2023 до април 2024 година, а 18 млади од девет рурални пелагониски општини беа обучени како во нивните општини да побараат поголеми права и можности за подобар живот.

 442428200 419661630942306 966022628585548498 n

„Имавме презентација од три млади лица од руралните средини кои точно мапираа што им треба. Се родија нивни иницијативи кои тие сега сами ќе продолжат да ги тераат преку Советите во Општните. Младите од Општина Новаци се извборија и ќе отворат Младински културен центар, ќе го опермат просторот за младински активности. Од Кривогаштани гпрезентација имаше девојката која ќе биде претседател на Локалкниот младински совет, а до пред некој период во оваа општина не ни знаеа што значи младински совет, а сега веќе го оформија и ги завршија сите административни процедури“, рече Елена Героска, проектен координатор.

 436423706 777223737885048 7392090935374312995 n

Во рамки на прокетот беше изработена и анализа за специфичните потреби и проблеми на младите во руралните средини наспроти младите кои живеат во урбани места. Беа одржани два тренинзи за застапување и Законот за младинско учество и младински политики.

 442460646 415910357948614 5115275846861160777 n

„Сите наши напори што се одвиваа низ неколку проекти кулминираа со тоа што најмалку 18 млади се подготвени и во процес на административно-правна соработка со општинските совети и градоначалниците. Сега можеме да кажеме дека во Пелагонискиот Регион имаме вистинско младинско вклучување во процесот на креирање и носење политики“, рече Емилиа Герсока од Здружението „Про Локал“ кое е дел од партнерите во проектот.

 436745725 476118364847995 2384051893644543290 n

Спроведената анализа за потребите и проблемите на младите од руралните средини опфати теренското истражување анализа на документи и дата бази, интервјуа со млади, локални власти и граѓанси организации.

 442410008 830618505090371 137944390126791651 n

„Младите побараа поголема грижа за животната средина, со акцент за подобро управување со отпадот, дислокација на диви депонии, воведување на организиран систем за собирање и одлагање отпад, зголемување на бројот на уредени зелени површини. Побараа отворање библиотека, инфоцентри, ресурсни центри, зголемување на можностите за неформално образование, поголеми можности за изучување на странски јазици и пракса во сите општестевни скетори. Понатаму, воведување на ефинасен јавен транспорт, организиран според потребите на младите, односно воведување на линии со фреквенција на движење во доволен обем и временски термини кога овие корисници имаат најголема потреба од истите. Синхронизација на локалниот јавен транспорт со останатите јавни линии кои вршат поврзување со поголемите градови во Пелагонискиот Регион и особено со градот Скопје. Воедно, развој на капиларна мрежа на ниво на рурални средини“, рече во презентацијата на спроведената анализа, Рубин Николоски од „Про Локал“.

Здружението „Про Локал“ веќе неколку години е алка меѓу младите и локалните власти, а обезбедува и финансии од меѓународната заедница преку различни проекти и донатори, овозможувајќи им на младите во пракса да ги извежбаат нивните иницијативи.

 442423479 1390952961612008 3608964480322742598 n

„Во изминатите четири години имаме 16 реализирани проекти од мал обем кои од почеток до крај биле замисла, потреба, иницијатива, спроведен процес и резултат на младите. Низ нашите проекти поминаа над 150 млади од целиот Пелагониски Регион со фокус на оние од руралните средини кои беа интензивно обучувани од принципите на добро владеење до тоа како себеси да се претстават пред локалните авторитети. Административните процеси кои за нив се често оптеретени и им се чинат како невозможна пречка да ја преминат, ние преку различни формати, работилници, сесии со користење на соодветна експертиза, им покажуваме како се изодува практично патот од младинска иницијатива до конкретна реализација на проект“, рече Емилиа Ѓероска, претседателка на „Про Локал“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани