АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Германската секција при ОУ „Даме Груев“ Битола, организира уметничка презентација на Сказните на Браќата Грим, на која ученици од повеќе училишта од градот презентираат на германски и македонски јазик.
-Денеска се одржа настанот „Сказните на Браќата Грим“ во организација на Германската секција при ОУ „Даме Груев“ Битола со наставничките Симеона Павловска и Данијела Босилковска. На настанот учениците од ОУ „Даме Груев“ , ОУ „Тодор Ангелевски“ , ОУ „ Коле Канински“ и ОУ „ Стив Наумов“ преку куклена претстава, драмска изведба, танц и презентација на германски и македонски јазик го презентираа ликот и делото на Браќата Грим. Настанот се одржа во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола. На настанот беа присутни и учениците од Германската секција при СОЕУ „Јане Сандански", не информираше наставничката по германски јазик Симеона Павловска.