АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 28 јуни оваа година, акционерите на компанијата „Пелистерка“ ќе одржат Собрание, а една од одлуките која ќе биде ставена на гласање, е разрешување на една од директорките од член на Одборот на директори, и тоа пред истекот на нејзиниот мандат, пишува faktor.mk
Станува збор за Габриела Петреска.
„Се разрешува членот на Одборот на директори на Пелистерка АД Скопје: Габриела Петреска, пред истек на мандатот за кој е именувана. Се констатира престанок на вршење на функцијата и престанок на мандатот на Габриела Петреска, член на Одборот на директори, сметано од 28.06.2024 година“, се вели во предлог одлуката за која ќе треба да се изајснат акционерите.
Инаку, акционерите ќе гласаат и за тоа како да се распредели добивката која лани ја оствари ова акционерско друштво, а предлог одлука е тоа да се направи така што како задолжителен резервен фонд ќе одарт 5 проценти, а за сите други 95 отсто се предлага да остане како нераспределена добивка.