АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Исклучени се сите три блока на РЕК Битола, после тешка хаварија, со серија експлозии и сериозна штета, велат од комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера доцна попладне, испаднал електростатскиот филтер на блок 2, бидејќи, како што тврди партијата, седум години не било извршено чистење. По испадот, системот автоматски го исклучил блокот за да се спречи поголема хаварија во котелскиот и турбинскиот дел.
Од ЕСМ за Сител https://sitel.com.mk/ рекоа дека „поради дефект испадна Блок 2 на РЕК Битола, и во моментов се работи на отстранување на причината за испад на блокот. Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2“.
Потребата за електрична енергија се задоволува од сопствените производствени капацитети, додаваат од државни електрани.