АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем. После целодневна, непрекината работа на вработените во ПE Термоелектрани на REK Битола, отстранети се последиците од испадот на блокот, предизвикани од силното невреме што вчера ја зафати Пелагонија и постројката е ставена во функција.
Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола ќе продолжи со работа со еден блок и во претстојниот период.
Изнесените наводи во соопштенија на различни партиски тела, пренесени во дел од медиумите, кои се однесуваат на причините за испадот на блоковите и за состојбите во РЕК Битола деновиве, не заслужуваат било каков коментар бидејќи не само што се апсолутно неточни, туку се и под секое ниво на комуникација во јавниот простор.