2win800x200

Над 40 диви депонии се мапирани во Пелагонискиот регион

Мај 31, 2024

Младите  волонтери кои беа дел од проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, реализиран од страна на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, мапираа повеќе од 40 диви депонии во општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци. Дел од нив се депонии во создавање, а дел се веќе постоечки диви депонии кои претставуваат сериозен еколошки проблем за  животната средина во Пелагонискиот регион.

Мапирањето се вршеше од страна на младите волонтери преку платформата  www.mapiraj.mk. Покрај младите волонтери, оваа платформа претставува мехамизам преку кој секој граѓанин кој забележал депонија ќе може да придонесе кон нивна идентификација. Идентификуваните локации каде што постојат диви депонии претставуваат појдовна точка за понатамошно преземање на активности за застапување на локално ниво за нивно расчистување и забрана за повторно нивно создавање.

1716496021043 799x600

На завршна конференција што се одржа на ден 23.05.2024 година во хотелот Бела куќа во Битола, проектниот тим ги презентираше резултатите на овој проект. Но, на настанот иако сите уредно беа поканети, ниту еден од градоначалниците од Пелагонискиот регион не одговори позитивно на поканата од Здружението Интерактив – Битола.

„Нашата цел е навремено да алармираме депониите во создавање да не прераснат во потешко решливи нелегални локации за одлагање на отпад. Сакаме да ја подигнеме јавната свест дека нашата животна средина е наш заеднички дом и сите поднеднакво треба да се грижиме за неа“, изјави координаторот на проектот, м-р Иван Дургутов.

Претходно, младите волонтери беа обучени да мапираат депонии во Пелагонија, а беше организиран и дебатен клуб на тема: „Примената на современите дигитални технологии во функција на почиста животна средина“.

„Бевме поведени од идејата преку силен младински активизам да придонесеме за почиста Пелагонија и верувам дека успеавме во тоа. За да го поттикнеме тој младински активизам организиравме серија предавања на тема ‘Дивите депонии - предизвик во урбаните и руралните средини’, ‘Еко новинарство’ и ‘Креирање еко кампањи и нивната улога во современото живеење’“, рече д-р Анета Шијакова Котевски, меѓународна новинарка и обучувачка во проектот.

Освен Шијакова, вредни искуства од областа на еколошкото новинарство и комуникациите пренесе и меѓународниот новинар Мартин Николовски.

Во текот на обуката, учесниците се запознаа и со креирањето на еко-блог, креирањето на еколошки кампањи и нивната улога врз екологијата во современото живеење, како и дебатен клуб за тоа каква е улогата на младите во надминувањето на современите еколошки предизивици на локално ниво.

Еко-блогот на младите волонтери им овозможи да пишуваат блогови и статии поврзани со екологијата и заштитата на животната средина. Преку тоа тие практично се најдоа во улога на креатори на содржини и кампањи кои влијаат во јакнењето на еколошката свест на граѓаните.

436226106 2255527074797171 4720135465833097592 n 800x599

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив - Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини", имплементиран од  Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија.

1716496021036 1 799x600

436226106 2255527074797171 4720135465833097592 n 1 800x599

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани