АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 03.06.2024 во 07.45 часот во с.Олевени, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина ги лишиле од слобода В.Б.(55) од Шведска и П.К.(40) од с.Олевени. Тие се сомничат дека на 02.06.2024 околу 23.20 часот му се заканувале на Ј.К.(80) во неговиот двор во село Олевени, ги скршиле влезните врати од дворот и куќата и фрлале тврди предмети кон неговата куќа. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.