2win800x200

Александра Радевска останува на кормилото на Стопанска банка Битола

Јуни 05, 2024

Александра Радевска и натаму ќе биде на кормилото на Стопанска банка Битола. Оваа информација ја потврди банката преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. Радевска е именувана за член и претседател на Управен одбор на банката, објави Фактор. 

„Известуваме за следниве измени во органите на управување: Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-6042/1/I.1-1 од 16 мај 2024 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-8878/11 од 4 јуни 2024 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана г-ѓа Александра Радевска“, се вели во објавата од банката на Берзата.
Како што е познато, се до ноиември минатата година, претседартел на Управниот одбор на Стопанска банка Битола беше Владимир Ефтимовски, но тој, после долги години успешно менаџирање, поднесе оставка. Тогаш Банката објави дека на негово место, за претседател на УО, е избрана Радевска.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани