2win800x200

Загина 65-годишен маж во сообраќајна несреќа во Битола

Јуни 05, 2024

Вчера попладне во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го изгубил 65-годишен маж.

 

На 04.06.2024 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Наум Наумовски“ со ул.„Прилепска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Битола и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(53) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што подоцна починал. Со телесни повреди се здобила К.С.(53) од Скопје, сопатничка во возилото „шкода“, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани