АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Битола почна жирирањето на Интернационалниот фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што годинава ќе се одржи на 27 и 28 oктомври во Битола .
Годинава на ФАДФ „Камера 300“ се пријавени 42 аматерски документарни филмови, рече Стефан Хаџиандоновски, претседател на Советот на фестивалот и на кино клубот „Студио Милтон Манаки“-Битола, организатор и домаќин на овој традиционален културен настан.
-Годинава фестивалот го слави сребрениот јубилеј, односно 25 години на овој значаен фестивал за културата на Р. Македонија и Битола. И за прв пат во овие изданија покрај традиционалните земји учеснички имаме филмови од Шпанија, што е голем допринос за овој фестивал, благодарејќи на нашето членство во светската организација на непрофесионален филм УНИКА, рече Хаџиандоновски.
Стручното интернационално жири кое од вчера е во Битола, го сочинуваат д-р Стефан Сидовски, проф.д-р Станимир Трифонов од Бугарија, Владимир Анѓелковиќ од Србија, Јосип Грозданиќ од Хрватска и проф. д-р Мишо Нетков, исто така од Макадонија.
Највисокото признание на фестивалот е наградата- гран при плакета „Милтон Манаки“, како и наградите за филм златна , сребрена и бронзена„ Камера 300“.Плакета за најдобра камера , идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“ , награда за најдобра репортажа и награда, плакета на УНИКА.
-Стручното жири има задача да ги оцени филмовите и да одреди, кои од нив ќе бидат прикажани на свечената проекција на фестивалот во малата сала на Центарот за култура во Битола на крајот на октомври- најави Хаџиандоновски.